НОВ ПРОБЛЕМ ЗА УКРАИНА: Закарпатската област побара автономија!

Пратениците од регионалниот совет Закарпатија, побараа од претседателот и премиерот на Украина и претседателот на Врховната влада на тој регион да му доделат автономија.Обраќањето до киевските политичари беше усвоено на пленарната седница, наведува листот „Закарпатија“.
-Бараме Закарпатија да се признае како специјална самоуправна адмнистративна територија. Потребните измени треба без било какво одложување да бидат вметнати во Уставот на земјата – се наведува во документот.
Според мислењето на пратениците, украинската индустрија е на колена, народот е посиромашен, економијата е на раб од банкрот, а „идеалите на Мајдан се цинично отфрлени“.
-Последна можност да се спаси ситуацијата е веднаш да се формира реална, а не декларативна финансиско-административна независност на органите од локалната самоуправа – нагласуваат пратениците.
Според нивните зборови, резултатот од „неодговорната политика“ на украинското раководство во последните 25 години е „целосно пустошење и грабеж на Закарпатија“.
Претседателот на Закарпатскиот регионален совет Михаил Ривис, изјави дека парламентарците со своето обраќање одлучија да ги потсетат Порошенко и Јаценук на нивното ветување за децентрализација и пренос на надлежностите на локалната самоуправа.
Закарпатските Русини одлучија на Конгресот со дијалог, а не со конфронтација со Киев да бараат да бидат признаени како народност и да добијат автономија.
Одлуките на Конгресот имаат цел Русините да се признаат како народ и да се исполнат резултатите од референдумот за автономија во 1991 година, преку дијалог со Киев.
Руските медиуми потсетуваат дека Русините се малоброен источнословенски народ, чиј значаен дел живее во Закарпатската (Транскарпатска) област на западот од Украина.
До 1918 година, таа територија чиј административен центар е Ужгород, беше во составот на Австро-Унгарија, а помеѓу светските војни и од Чехословачка, за да стане дел од советска Украина по Втората светска војна.Обраќањето до киевските политичари беше усвоено на пленарната седница, наведува листот „Закарпатија“.
-Бараме Закарпатија да се

Пронајдете не на следниве мрежи: