На нов протест пред МВР, голема група на граѓани и денеска побараа оставка од техничкиот министер Оливер Спасовски, поради тоа што не обезбедува доизградба на крстот во Бутел.Граѓаните кои протестираа велат дека Спасовски не ги заштитил жителите на Бутел за време на демонстрациите предводени од функционерите на ДУИ при неодамнешното уривање на камен-темелникот каде што е предвидена изградба на крст, на кружниот тек помеѓу општините Чаир и Бутел.
– И денеска повторно сме собрани тука да мирно на еден достоинствен начин граѓаните да го искажат своето задоволство. Се надевам дека овој глас ќе допре таму каде што е најпотребен. Се надевам и верувам во институциите на Република Македонија, верувам во институцијата МВР бидејќи досега сите вработени во министерството покажале и докажале дека се вистински професионалци и знаат кога е најпотребно да си ја завршат работата, да ги заштитат граѓаните коишто им е потребна безбедност. Се надевам дека сите гласини, она што се слуша дека повлечена е одлуката, донесено е ново решение се неточни. Ниту јас како градоначалник ниту некој друг има право да ја повлече таа одлука, се надевам и верувам во едно мирно разрешување на овој проблем за доброто на сите граѓани на општина Бутел, рече Латиновски.
Тој нагласи дека Општина Бутел е мултиетничка општина и покажала и докажала како се живее заедно.
-Се надевам дека овој крст нема да биде симбол на разединување, се надевам дека ќе биде симбол да не обединува. Мене ми е жал што многу така работи се испревртеа, многу симболи почнаа да ги користат за политички цели и се надевам дека разумот повторно ќе преовлада. Како градоначалник сакам секогаш по еден демократски пат, една мирна разрешница да се реши и овој проблем како што сме имале многу проблеми во овие години и заеднички сме ги решиле со сите наши граѓани коишто живеат на територијата на општина Бутел. Лично верувам дека и овој проблем ќе биде решен на начин на кој сите посакуваме, рече Латиновски.
(Република)Граѓаните кои протестираа велат дека Спасовски не ги заштитил жителите на Бутел за време на демонстрациите предводени од функционерите на ДУИ при н