• остварен е раст од 4,6% или 1 990 000 возила• дури 513 400 возила беа испорачани во месец април 2014 година и забележан е раст од 6,8%Брендот Volkswagen патнички возила, за прв пат во првите четири месеци, испорача речиси два милиони возила. 1,99 милиони возила им беа испорачани на клиентите во периодот од јануари до април 2014 година. Истиот период во 2013 година беа испорачани 1,91 милиони возила, со што забележан е раст на продажбата за дури 4,6%. Брендот испорача 513.400 возила во месец април 2014 година и оствари раст од 6.8% во споредба со истиот месец лани кога беа испорачани 480 900 возила. „Volkswagen патнички возила уште еднаш ги зголеми испораките и постави нов рекорд. Од една страна успехот се должи на добрата продажба во Кина и Европа, а од друга страна успехот се должи и на големата побарувачка за сите автомобили особено за седмата генерација GOLF, модел кој оваа година ја одбележува 40-годишната успешна приказна која продолжува понатаму” , изјави Кристијан Клинглер, член на одборот за продажба и маркетинг за групацијата Volkswagen и брендот Volkswagen патнички возила, и додаде: „Сепак, глобалниот пазар е променлив и тој останува предизвик”.
Концепт купе автомобилот ја имаше својата светска премиера во Пекинг: Новото купе од средната класа е комбинација на лимузина и спортски автомобил • Максимална брзина од 224 km/h – Новото купе од средната класа има исклучително спортски перформанси • Предниот и задниот дел на автомобилот нудат возбудлив поглед кон иднината на автомобилскиот дизајн
Десет клучни факти поврзани со светската премиера на новото купе: 1 . Дизајнот на новото купе прикажува како Volkswagen го гледа идниот дизајн на спортскиот седан кој е позициониран под Passat. 2 . Динамичниот дизајн на новото купе ги комбинира карактеристиките на лимузина и спортски автомобил. 3 . Новото купе е значително пошироко од Passat, но пократко од Jetta. 4 . Новото купе со четири врати има многу простор за пет патници и багажен простор од 500 литри. 5 . Новото купе прави фузија на А и Б сегментот. 6 . Автомобилот има широки гуми со низок профил како повеќето спортски автомобили, а дополнително го красат големите 20 – инчни алуминиумски тркала. 7 . Новото купе е прикажано со новите LED светла. 8 . Автомобилот има 162 kW / 220 КС турбо мотор со директно вбризгување, а потрошувачката изнесува: 6,4 литри на 100 km. 9. Четирите цилиндри овозможуваат купето да биде чистокрвен спортски автомобил: со максимална брзина која изнесува 244 km / h и од 0 до 100 km/h забрзува за само 6,5 секунди. 10 . Помалата потрошувачка на гориво се должи благодарение на ефикасниот мотор и на автоматскиот 7 – степен DSG како и на малиот коефициент на отпор. cD вредноста изнесува 0,299 (cD x A = 0,643 м2).Брендот Volkswagen патнички возила, за прв пат во првите четири месеци, испорача речиси два милиони возила. 1,99 милиони возила им беа испорачани н