Нов систем за чакри: 13 центри за контрола на свеста и телото!

Системот на чакри може да се набљудува како енергетски шаблон со прекрасни бои, од кои секоја кружи околу еден од седумте поголеми енергетски центри. Замислете ги само тие комбинации на црвена, розова, сина и зелена боја како заедно се мешаат. Замислете како енергетските центри дејствуваат едни врз други.Чакрите (големи енергетски центри), му овозможуваат на телото да се интегрира со спиритуалното и да функционира како што треба. Досега, за оваа функција беа одговорни 7 чакри, но со оглед на тоа дека доаѓа до трансформација на телото поради еволуцијата, за оваа комплексна задача се сега потребни 13 чакри.
Нов систем на чакри
Првиот нов центар е во дијафрагмата, каде што во моментов се наоѓа емоционалниот систем на меморијата на вашето тело.
Вториот нов центар се наоѓа во тимусот, каде што се регулира имунолошкиот систем на телото (целосно свесните луѓе поседуваат здрав имунолошки систем).
Останатите два нови центри се наоѓаат во главата. Едниот, тн. „Бунар на соништата“ се наоѓа во задниот дел од главата, точно над продолжениот мозок. Тој ја регулира поврзаноста на свеста со вишите димензии. Другата нова чакра се наоѓа покрај хипофизата и според неа го носи називот.
Наместо претходните седум центри, сега зборуваме за тринаесет центри, вклучувајќи два интердимензионални центри кои се нарекуваат „универзален женски“ и „универзален машки“.
Првата чакра (корен), се наоѓа во основата на абдоменалната шуплина. Нејзина главна цел е менувањето. Овој енергетски центар ѝ овозможува на Мајката Природа да ги подесува човековите животни вибрации со нејзините. Всушност, Мајката Природа зависи од резонанцијата на своите физички ангели, за да може да го достигне максимумот на своите магнетни и гравитациони полиња.
Втората чакра (пол), се наоѓа околу половите органи и е поврзана со првата чакра. Нејзината примарна намера е да го оживува телото по пат на сексуални вежби, како што се тантричките вежби. Овој процес ѝ овозможува на вибрирачката енергија (внатрешниот сексуален кристал) да го вклучи целото тело, а посебно првата чакра.
Третата чакра (соларен плексус), се наоѓа над папокот и претставува тежиште на втората точка за поврзување со свеста. Животната енергија влегува низ круната (7-ма чакра, односно 11-та чакра според новиот систем) и доаѓа до соларниот плексус, односно седиштето на нашата волја. Оваа енергија ја контролира срцето (4-та чакра, односно 5-та чакра според новиот систем).
Четвртата чакра (дијафрагма), се наоѓа во основата на градниот кош и претставува центар за чување на негативните емоции. Во блиска идинина, оваа чакра ќе има улога за олеснување од стрес и јакнење на енергијата на волјата која се чува во соларниот плексус.
Петтата чакра (срце), се наоѓа во срцето. Таа претставува клучна врска со ангелските енергии на чистите мисли и светата енергија на чистата љубов, ослободена од посесивноста и сентименталноста.
Шестата чакра (тимус), се наоѓа кај тимусот (градната жлезда). Таа во иднина ќе има улога да го јакне имунолошкиот систем.

Седмата чакра се наоѓа во грлото и помага при собирање на бранот енергија која го јакне и прочистува телото. Исто така, таа претставува и средство за комуникација со свеста и управува со енергиите во телото, заедно со регулаторите во главата.
Осмата чакра (Бунар на желби), во моментов е закржлавена и се наоѓа во оксипиталниот дел (заден дел од главата), веднаш над вратот. Поединци со психички способности, имаат чести главоболки поради големиот број информации во овој регион. Неактивноста на оваа чакра го ограничува човековото свесно битие. Луѓе со проширени психички способности можат да ги користат конекциите на мозочниот лимбички систем на „Бунарот на желбите, со цел ментално да ги контролираат другите. Затоа е важно да се заштити овој центар преку спиритуален пат, така што никому да не му се даде можноста да ја контролира вашата психичка енергија.
Деветтата чакра (хипофиза), се наоѓа над хипофизата. Таа му овозможува на телото да одговара на светлината и зрачењето кои го подмладуваат телото. Во трансформираниот систем, шестата, осмата и деветтата чакра интензивно дејствуваат со останатите, овозможувајќи моментална употреба на виталната, интердимензионална енергија.
Десеттата чакра (епифиза), се наоѓа среде челото, над носот и во близина на епифизата. Таа е позната и како „трето око“. Осмата и десеттата чакра заедно овозможуваат примање и толкување на визиите и останатите клучни пораки од вишите вибрациски состојби.
Единаесеттата чакра (круна), се наоѓа на задната страна од врвот на главата. Токму тука се поврзуваат енергиите на потполната свест од универзалниот извор со двете нови интердимензионални чакри.
Дванаесеттата чакра (универзален женски), се наоѓа над главата. Таа ја контролира левата страна од телото и ги регулира креативните дарби и таленти. Токму тука се наоѓа и нагонот за внатрешно самољубие и сочувство.
Тринаесеттата чакра (универзален машки), се наоѓа над главата и ја регулира десната страна од телото. Исто така, таа ја контролира перцепцијата на реалноста и способноста да се изврши одреден план на практичен начин. Оваа чакра е извор на нагонот за внатрешна и надворешна хармонија.
*Никогаш немојте да заборавите дека сте енергетски и светлосни суштества. Светлината е насекаде околу нас и постои на разни фреквенции. Постои видлива светлина и постои интердимензионална светлина. Постојат неколку различни нивоа на свесност. Важно е да го сфатите тоа. Вие сте светлосно суштество кое живее во човекот.Чакрите (големи енергетски центри), му овозможуваат на телото да се интегрира со спиритуалното и да функционира како што треба. До

Пронајдете не на следниве мрежи: