Нов скандал со финансиите на СДСМ Куманово

Скандалозните одлуки на раководството на СДСМ немаат крај. Не помина ниту еден месец откако обелоденивме дека Зоран Заев преку своите роднини и бизнис партнери испумпувал пари од општина Струмица и ги донирал во СДСМ, веќе на повидок е нов скандал за финансирање на партијата кој оди на штета на обичните граѓани вработени во јавните претпријатија.Нашата редакција дојде до нов документ од Претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, кој со својата одлука на која е ставен неговиот потпис, го обврзува директорот на ЈП Зафир Сајто да уплаќа секој месец по 500 денари и да достави список во партијата со сите вработени кои ќе бидат обврзани да плаќаат по 100 денари месечно.
Мартин Костовски е Претседател на ОО СДСМ Куманово веќе неколку месеци, а веднаш почна со тероризирање и рекетирање на невини граѓани и вработени во јавните претпријатија во Куманово. Одлуката е на голема штета на вработените во општинските ЈП, пред се затоа што повеќето општински фирми не ги исплаќаат платите на вработените по неколку месеци.
Како што напоменавме, испумпување на општинските пари на граѓаните се случувало и во општина Струмица, каде што бизнис партнерите и роднините на Зоран Заев кои што добиваа тендери од општината, беа финансиери и донатори во СДСМ.

Овие скандалозни одлуки на СДСМ кои што се на директна штета на граѓаните, преку кои се испумпуваат, бараат пари и лични податоци од невини вработени во општините каде што раководи СДСМ, докажуваат само еден неморален чин од страна на раководството на партијата.
Со оглед на тоа што директорите на јавните претпријатија во Куманово ги поставува Градоначалникот кој е од СДСМ, се сомневаме дека овој случај е единствен.Нашата редакција дојде до нов документ од Претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, кој со својата одлука на која е ставен неговиот потп

Пронајдете не на следниве мрежи: