Нов скандал во данска ЗОО градина: Убиле здрава лавица и сега сакаат пред децата…

Данската зоолошка градина планира јавно да сецира едногодишна лавица, за да им понуди на луѓето поблиско искуство со животните.Зоолошката градина во градот Оденсе во централна Данска, соопшти дека едногодишна лавица била успиена пред девет месеци, бидејќи објектот има премногу животни од тој вид и со тоа се спречило парење на животни кои се во сродство.
Лавицата ќе биде сецирана во четврток, кога ќе започне и есенскиот распуст во училиштата.
Иако биле најавени неколку протести, настанот предизвикал многу поблаги реакции отколку сличните одлуки на зоолошката градина во Копенхаген, која пред година дена пред посетителите сецирала и одрала двегодишна жирафа, а потоа со нејзиното месо ги нахранила лавовите што предизвика меѓународни протести.
Директорот на зоолошката градина во Оденсе, Михаел Валберг Серенсен, изјавил дека зоолошката градина практикува јавни сецирања веќе 20 години и тоа за едукативни цели.
„Не сецираме животни за забава. Веруваме во споделување на знаењето. Важно е да не им се даваат човечки особини на животните кои не ги поседуваат“ – изјавил Серенсен.
Серенсен објаснил дека држењето на лавицата во ист простор со нејзиниот татко би довело до меѓусебно парење, што е непосакуван резултат.
Со оглед на тоа што ниту една зоолошка градина не одговорила на нивниот повик да го примат животното, тие одлучиле да ја успијат.Зоолошката градина во градот Оденсе во централна Данска, соопшти дека едногодишна лавица била успиена пред девет месеци, бидејќи објектот има премн

Пронајдете не на следниве мрежи: