Неодамна во јавноста беше промовиран пропуст во заштитниот систем на iOS 8, преку кој телефонот или таблетот може да стане целосно бескорисен. Да погледнеме за што се работи…Наречено „No iOS Zone“, станува збор за Wi-Fi hotspot кој ја користи мрежата за да ги изманипулира SSL сертификатите испратени до iPhone или iPad, со што прави DOS (Denial of Service) напади, преку кои телефонот или таблетот почнува непрестано да се рестартира. Од тој момент, вашиот уред е бескорисен и постојано ќе се рестартира, а единственото решение е да се тргнете од тој hotspot или да ја изгасите Wi-Fi мрежата.
Бидејќи станува збор за сериозен пропуст откриен од компанијата Skycure, предупредуваат дека се до наредниот iOS апдејт, сите телефони и таблети се под опасност. Сепак, засега нема причина за паника бидејќи No iOS Zone сеуште не е во фаза кога би можел да се имплементира во јавните Wi-Fi мрежи.
Повеќе на GSM.mkНаречено „No iOS Zone“, станува збор за Wi-Fi hotspot кој ја користи мрежата за да ги изманипулира SSL сертификатите испратени до iPhon