Британската полиција соопшти дека најмалку 19 луѓе биле убиени, а околу 50 ранети во експлозија пред арената во Манчестер. Властите настанот го третираат како „терористички инцидент“.Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија околу 21 и 45 часот по локално време во момент кога луѓето излегувале од Манчестер арена каде што американската поп пејачка Аријана Гранде имала концерт. Според изјавите на сведоците прво се слушнале експлозиите, а потоа и истрели од огнено оружје. Итните служби и полицијата се на местото на настанот. Хеликоптер постојано го надлетува тој дел на Манчестер. Според зборовите на пејачката, таа е добро.
На концертот имало околу 20.000 луѓе, главно деца и млади.
Полициските извори од Британија и САД за Би-Би-Си њуз изјавиле дека најверојатно биле две експлозии, и дека засега не е јасно што е причината за нив. Освен овие, имало и една контролирана експлозија.
Стотици луѓе во паника почнале да го напуштаат концертот во западниот дел на Англија, откако, според зборовите на сведоците се слушнале експлозии и пукање, објавуваат британските медиуми. Кетрин Мекфарлен, која присуствувала на концертот на американската пејачка за Ројтерс изјавила дека почувствувала „силна експлозија“ додека ја напуштала арената.
„Тргнавме да излегуваме, и кога бевме кај вратата одекна силна експлозија и сите почнаа да врескаат“, изјавила Мекфарлен за Ротерс.
Таа тврди дека експлозијата била силна и можела да се почувстува како „удар в гради“.
„Потврдено е дека досега загинале 19 луѓе, а околу 50 биле ранети. Во моментов се третира како терористички инцидент се додека не се потврди спротивното“, соопшти полицијата. Подоцна и премиерката Тереза Меј се јави со порака дека всушност се работи за монструозен терористички чин.
Ројтерс јавува дека двајца американски официјални претставници рекле дека првичните сигнали упатуваат на бомбаш-самоубиец.
Дваесетгодишната Ерин Мекдагл од Њукасл вели дека на крајот на концертот се слушнала гласна експлозија, како и дека светлата биле вклучени, па знаеле дека тоа не е дел од концертот. Според нејзините зборови, имало многу чад.
„Гардијан“ пренесува и изјави на луѓе кои во халата виделе крвави луѓе, како и дека припадниците на оезбедувањето изнесувале повредени.
„Беше хаотично. Сите започнаа да врескаат и да бегаат и само се обидуваа да избегаат“, навела Мекфарлен. Според зборовите на луѓето кои биле на концертот, наводната експлозија одекнала кога Аријана Гранде ја отпеала последната песна на концертот.
Оваа информација не е потврдена од британските власти. Доколку се потврди дека станува збор за тероризам тоа ќе биде најсмртоносниот напад во Британија од 2005 година кога четворица британски муслимани убија 52 луѓе во самоубиствени напади во метрото во Лондон.Сведоци изјавија дека слушнале голема експлозија околу 21 и 45 часот по локално време во момент кога луѓето излегувале од Манчестер арена каде што