Прво беа тетоважите на веѓи, па на белките од очите, а сега најновиот бизарен тренд на тетовирање се брадавиците. Овој тренд е особено популарен во Англија во моментов и наводно го применуваат и мажи и жени истовремено. Со тетоважите на брадавиците им се дава нова боја ако тие стануваат потемни (најчесто поради изложеност на сонце или од доење кај жените), а исто така со тетоважите може да се обликуваат брадавиците во посакуваната големина и облик.
Според уметниците за тетоважи, на ваков чекор се одлучуваат и жените со мастектомија , т.е. на кои им била отсечена градата и кои добиле хируршки импланти. Нанесувањето на тетоважата е особено болно, поради тенкиот слој на кожа на ова место од телото, и пред да се започне процедурата се нанесува локална анестезија.Прво беа тетоважите на веѓи, па на белките од очите, а сега најновиот бизарен тренд на тетовирање се брадавиците.