Луси Еиткен веќе две години не ја измила косата со шампон, и тврди дека никогаш не изгледала подобро. Оваа жена одлучила да се откаже од шампонот откако во една студија прочитала дека дневно користиме преку 500 различни хемикалии. Од тогаш косата ја мие само со вода, и понекогаш со сода бикарбона или јајце.„Кога прочитав колку хемикалии користиме, помислив ’Ха! Не ме истражувале мене’,но потоа кога го погледнав составот на шампонот и ги видов сите тие хемикалии. Од секогаш се прашував дали е вистинита урбаната легенда дека косата ќе почне да се мие сама доколку не ја миете доволно долго. И кога станав мајка, посакав да повеќе да водам сметка за тоа што ставам во и на своето тело и телото на своето дете“, вели Луси.
Иако можеби звучи како некој хипи, оваа жена има сериозна, канцелариска работа и се занимава со добротворна работа. Меѓутоа, иако сега косата и е сега одлична, кога престанала да користи шампон поминала низ тежок период.
Најмногу се плашела од овој период, бидејќи претходно косата и се мрсела штом ја измие. Но, парадоксално, овој метод, наречен “no-poo” (без шампон) има најмногу ефект баш на мрсната коса. Логиката е во тоа што со агресивните шампони го иритираме скалпот.
Луси издала книга посветена на ова, во која наведува 30 рецепти за шампони од кујната. И сите тие звучат како рецепт за торта – јајца, сода бикарбона, брашно, мед, лимон. Но, многумина косата ја мијат само со вода.
“Косата ја мијам секој трети или четврти ден, и ја мијам со некоја алтернатива на шампон како што е јајце на секои две недели“, тврди Луси додавајќи дека нејзината коса не „смрди“, туку мириса човечки.
„Кога прочитав колку хемикалии користиме, помислив ’Ха! Не ме истражувале мене’,но потоа кога го погледнав составот на шампонот и



