Нов уред со кој неправилното паркирање ќе стане минато

Американска компанија нуди нов метод за казнување на возачите кои паркираат неправилно.Досега автомобилите што се непрописно паркирани се отстрануваат со пајак или им се става блокатор на тркалата.
Но, Ideas That Stick сепак не нуди блокирање на тркалата, туку на шофершајбната од возилото. Новиот систем се нарекува Barnacle.
Голем пластичен панел, кој може да се свитка на два дела, се прицврстува на стаклото. За да се деблокира уредот, возачот треба да плати казна преку мобилен телефон, по што добива код. Тој се внесува преку копчињата од панелот на уредот.
При обид за отстранување или тегнење на Barnacle, се активира моќна сирена и казната се зголемува. По остранување на уредот, возачот треба да побара посебен пункт. Во спротивно, следува уште поголема казна.
Во моментов Barnacle се тестира и не се знае дали ќе се покаже како ефикасен во пракса.
Погледнете го видеото:Досега автомобилите што се непрописно паркирани се отстрануваат со пајак или им се става блокатор на тркалата.
Но, Ideas That Stick сепак н

Пронајдете не на следниве мрежи: