Нова, а стара тензија на истокот: Северна и Јужна Кореја си разменија оган

„Би-Би-Си“ јавува дека Северна и Јужна Кореја си размениле оган преку спорната морска граница.Северна Кореја претходно објави предупредување против пловење во подрачја во близина на својот западен брег и во близина на спорната граница со Јужна Кореја. Притоа информираше дека ќе изврши воени вежби на седум места.
Подоцна, Јужна Кореја соопшти дека возвратила на огнот откако во нивните територијални води паднале гранати од Северна Кореја истрелани за време на воената вежба.
Подрачјето е во близина на таканаречената северна гранична линија повлечена на крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година. Во претходните судири на двете морнарици во тоа подрачје загинале десетици морнари на двете страни.Северна Кореја претходно објави предупредување против пловење во подрачја во близина на својот западен брег и во близина на спорната граница со Јуж

Пронајдете не на следниве мрежи: