НОВА ДРАМА ВО ФРАНЦИЈА: Се заканувала во Дизниленд дека ќе крене се во воздух

„Јас сум партнерка на Кулибали и сите ќе ве дигнам во воздух“-викала жената од прозорот на својата соба, додека полицијата и понатака трага за жената која му помагала на киднаперот во еврејската продавница.Една туристка која била сместена во хотел во париски Дизниленд денеска била притворена поради нејзините тврдења дека таа е партнерката на Амеди Кулибали, киднаперот кого француските сили за безбедност го ликвидираа во една еврејска продавница во Париз, а по која полицијата активно трага.
Туристката била на возраст од 30 години и била со потекло од Марсеј. Таа со своето семејство престојувала во хотелот „Секвој“ во близина на луна паркот, а паниката настанала откако таа од прозорците на својата соба почнала хистерично да вика: „Јас сум партнерката на Кулибали и сите ќе ве дигнам во воздух“, истакнал претставник на обвинителството во Моу, пренесува „Фигаро“.

„Ова е лажна узбуна и парковите се отворени како и обично. Инцидентот е завршен.“, рекла портпаролката на парискиот Дизниленд.

Девојката е ставена во притвор во полициската станица во Лањиј, а обвинителството најавува дека ќе отпочне кривична постапка против неа поради „ширење лажни информации“ дека ќе биде извршен напад.
Девојката во понеделник ќе биде изнесена пред судот во Моу, додал претставникот од обвинителството, прецизирајќи дека со тоа сака да испрати порака до сите оние кои имаат намера да дигнат лажна тревога да се запознаат со опасноста од казнување.
Туристката, теоретски, ќе се соочи со казна од две години затвор и парична казна во висина од 30 илјади евра, заклучуваат француските медиуми.
 Една туристка која била сместена во хотел во париски Дизниленд денеска била притворена поради нејзините тврдења дека таа е партнерката на Амеди Кул

Пронајдете не на следниве мрежи: