Во училиштата во Германија откриена нова дрога во вид на гумени бонбони јаготки која дилерите им ја даваат на децата. Но, за многу брзо време може да дојде и кај нас. Оваа дрога се нарекува јагода квик или јагода мет, мириса на јагода, а личи како гумени или желе бонбони. Внимавајте!!!Оваа дрога е кристал мет со вкус на јагода и има смртоносни последици. Ова е еден од најгрдите, но најбрзи патишта до смртта, велат оние кои ги виделе последиците од нејзиното дејство. А целна група на дистрибутерите се токму тинејџерите.
Кристал мет е синтетичка дрога, а бројот на зависници од неа расте од ден на ден. Таа се нарекува уште и „кокаин на сиромашните“, а предизвикува психички и физички пореметувања кај оние што ја земаат, но многу е пострашна од кокаинот, зашто делува на мозокот и централниот нервен систем.
Зависниците почнуваат да пропаѓаат физички, им се јавуваат пликови по целото тело, а голем број од нив се заразуваат и од ХИВ.
Според последните пишувања, оваа смртоносна дрога се продава и прав со вкус на чоколадо, па на прв поглед не може да се направи разлика меѓу неа и какаото, на пример.
Грижи се за себе, за своето здравје, ако некој ти понуди гумени бонбони јаготки одбиј го. И раскажи им на другарите за новата опасност со која може да се соочат!
Оваа дрога е кристал мет со вкус на јагода и има смртоносни последици. Ова е еден од најгрдите, но најбрзи патишта до смртта, велат оние кои ги вид