Англиска компанија инвестира во Македонија!Станува збор за голем бренд кој е присутен во најразвиените земји, по што донесе одлука да инвестира и во Македонија.
Пред се, компанијата Ендава ќе инвестираат во Скопје, каде веќе почнаа со регрутирање,а потоа планираат да се прошират и во другите градови, пред се во градовите каде има ИТ факултети.
-Компанијата се занимава со софистициран софтвер и за следниве три до четири години планира да вработи до 450 нови, млади ИТ инженери. Во брзо време компанијата ќе започне со работа, бидејќи веќе почна со еден мал круг на инженери, истакна директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.
Од компанијата истакнуваат дека досега имаат вработено 1.500 лица и дека компанијата бележи раст, а вработува од 40 до 50 лица месечно.
-Нашата компанија обезбедува услуги на повеќе држави, а одлучивме работата да ја продолжиме кај вас во Македонија. Разгледувавме поголем број на градови во Европа, барајќи брз раст на ИТ секторот и забрзан економски раст. Тоа го најдовме овде. Ја посетивме Македонија, се сретнавме со вицепремиерот Ставрески, а потоа и со Висар Фида, како и други луѓе од „Invest in Macedonia“. Импресиониран сум од односот и комуникацијата со Владата, другите институции и компаниите, кои сите работат заедно, истакна Џон Котерел, извршен директор на компанијата.
Котерел вели дека тие не бараат само бројки на вработени, туку бараат квалитет и луѓе кои ќе им помогнат ним и на целиот пазар.Станува збор за голем бренд кој е присутен во најразвиените земји, по што донесе одлука да инвестира и во Македонија.
Пред се, компанијата