Монографијата „Дискурси на визуелното“ на нашиот еминентен филозоф и естетичар проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, што деновиве ја објави „Матица македонска“ е прва наша книга во целина посветена на прашањата на визуелното и на визуелните уметности од гледна точка на филозофијата и на естетиката.Со над сто и десет црно-бели репродукции и над шеесет колор репредукции во оваа книга, во првиот нејзин носечки дел, се анализираат теориските прашањата врзани за односите помеѓу „убавината и визуелната убавина“, „уметноста и визуелните уметности“, но и прашањата за „калокагатија“ („добрината и убавината“), естетското задоволство и естетското искуство, како и прашањата врзани за вкусот и за визуелното.
Во вториот дел од книгата практично се спроведуваат неколку херменевтичко-иконолошки анализи на клучни дела од областа на европската ликовна историја (Питер Бројгел Постариот, Винсент Ван Гог, Марк Шагал), а третото поглавје, исто така, е посветено на соодветни анализи во контекст на македонската ликовна сцена (Томо Владимирски, Свето Манев, Газанфер Бајрам, Рубенс Корубин и Мирчо Матевски-Рисимкин).
Иако живееме во раздобје на доминација на визуелната уметност и на визуелната култура чии што сведоци на светско-историски план сме сите ние, т.н. „сликовен пресврт“ (pictorial turn) со оваа книга добива своја и теориска и практична обработка. Книгата е напишана со голема ерудиција и познавање на проблематиката, но и покрај тоа не е книга само за упатените, туку и за сите оние љубители на уметноста за кои уметноста и визуелните уметности се не само инспирација, туку и тајна која бара да биде постојано преоткривана.Со над сто и десет црно-бели репродукции и над шеесет колор репредукции во оваа книга, во првиот нејзин носечки дел, се анализираат теориските праш