Во едицијата „Хераклеја“ на Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат избор од поезијата на современата македонска писателка Катица Ќулафкова под наслов „Златен пресек“.На страниците од ова дело застапени се шеесет песни поделени во шест тематски циклуси, во кои се презентираат високите естетски остварувања на познатата авторка. Кон изданието е поместен поговор од универзитескиот професор и писател Владимир Мартиновски.
Катица Ќулавкова (Велес,1951) е автор на стихозбирките: Благовести, Акт, Нашиот согласник, Нова пот, Жедби, Престапни години, Домино, Изгон на злото, Меѓусвет, Слеп агол, Тенок мраз, Кога ни гореше под нозете и Хаику елегии. Нејзини книги се преведени на англиски, француски, романски, португалски, италијански, хрватски, српски и бугарски јазик. Добитник е на национални и меѓународни книжевни награди, меѓу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.На страниците од ова дело застапени се шеесет песни поделени во шест тематски циклуси, во кои се презентираат високите естетски остварувања на позн