Нова македонска серија – „Страсти од улица“

Неодамнешниот настан во кој главен протагонист е новинарот Борјан Јовановски, ги подели гледачите кои будно ја следат новата теленовела која може да се сретне на телевизиите. И да, сега дојде до нов заплет кој и тоа како направи луѓето да се чувствуваат како да се на трнци.Во новата епизода од „Страсти од улица“, видовме дека новинарот доби погребен венец на домашната адреса. Како и секој друг човек, така и тој се исплаши за својата безбедност, што е и сосема нормална реакција.
Но, кој стои зад праќањето на тој венец? Кој е до толку бескрупулозен за да може да заплаши човек кој има жена и деца. На кого може да не му трепне око за да направи таков чин?
Додека припадниците на МВР и надлежните служби го истражуваат случајот, некој ја користи приликата да предизвика дополнителни разбранувања на страстите.
Во новата епизода на „Страсти од улица“, наидуваме на невиден пресврт: имено, некои организации станаа поспособни и поуспешни инспектори и детективи од оние кои со години ревносно ја вршат својата работа. Така, на сцена настапи нов инспектор Клузо, кој според пораката на венецот на која беше напишан испраќачот со алијас „Тодор Александров“, веднаш го најде испраќачот. Маестрално!
Но, дали Клузо и неговиот помагач Понтон малку си играат мајтап со луѓето? Ако веќе со месеци наназад истите тие самопрогласени детективи се жалат дека во оваа земја нема демократија и право на глас, како одеднаш знаат да изустат непотврдени зборови и тврдења? Каде е сега таа нивна етика? Или единствено е признаена и точна кога доаѓа од нивната уста?
Да не се разбереме погрешно. Познато им е на повеќето луѓе дека има случаи кога одредени видовити луѓе соработуваат со „инспектори и детективи“ за да се откријат одредени престапници. Не смее да се заборави дека овие истражители со изострени сетила се во повеќе од одлична соработка со еден веќе познат Месија кој самиот предвиде дека од работник на нива ќе дојде да ја води Македонија. Дувнало ветре развигорче и тој дојде да ја води Македонија – пророчанство на нивоу!
Дојде да ја води Македонија на улиците, ја изрешета со бомби, добро ги обучи Клузо и Понтон да клеветат без конкретни докази, луѓето се во екстаза од општење во здрав мозок (си се разбираме, нели?), па дури и ластовиците некако како да откажуваат љубов да ни дојдат во топлата ни Македонија за да не ги акне некоја бомба во најава. Сѐ ни отиде во јабана!
Навистина, најновата епизода од „Страсти од улица“ ни донесе тензија и помешаност на емоциите. Уште и специјалните ефекти да бидат како во индиските серии и ќе завршиме работа. Само да се надеваме дека времетраењето нема да се базира според нивниот пример, инаку за десетина години ќе бидеме изрешетани од тешката артилерија на интуитивните и неверојатно експлозивните „војници на слободната мисла“.
Затоа, наместо да се додава масло на оган и да се вперува со прст само колку да се каже нешто, колку да се испукаат фрустрациите со плукање на некој со кој одредени лица и не се мирисаат, треба сите заедно да го осудиме овој чин и да не се напаѓаме меѓусебно.
БИЛО КОЈ може да биде испраќачот, БИЛО КОЈ може да си поигра со нервите на луѓето, па и БИЛО КОЈ да посака да фрли коска меѓу и така веќе спротивставените страни во земјата. Убаво било кажано: „Двајца се караат, третиот користи!“.
Фото: wikimedia.orgВо новата епизода од „Страсти од улица“, видовме дека новинарот доби погребен венец на домашната адреса. Како и секој друг човек, така

Пронајдете не на следниве мрежи: