Дали ние, луѓето, живееме во свет на криза со идендитет, колку мажите и жените се различни или еднакви, но и колку човечките битија се робови на општеството кое сами го креираат?!, се само дел од прашањата кои креаторката Ивана Кнез ги отвори директно на модното спектакуларно шоу на колекцијата #Concept2020 која беше презентирана на Модна недела во Скопје, есен-зима 2017/2018.„Глобализацијата како тема на мојата лимитирана едиција, инспирација на нашето секојдневното наше живеење, какви Андроиди сме ние, заглавени во електронската ера. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и прилагодлива за нашиот пазар со префинет вкус. Сите ние како сонувачи во потрагата по постојано наше совршенство треба да имаме само една водилка во животот а тоа е љубовта. Се надевам дека барем малку допрев директно до вашите срца. Благодарност до целиот мој тим, Модна недела и сите мои Драма пријатели кои присуствуваа“, вели Ивана Кнез.
Фотосесијата за колекција е на HLVK Photography Goran Popovski, со рускиот модел Ксенија – the Android, Васе Доковски – VD Make Up and Social Hair Salon, со потпис на Студио Драма.
„Глобализацијата како тема на мојата лимитирана едиција, инспирација на нашето секојдневното наше живеење, какви Андроиди сме ние, заглавени
Пронајдете не на следниве мрежи: