Нова опција на Фејсбук – “самоуништувачки” статуси

Фејсбук тестира нова опција која на корисниците ќе им овозможи статуси кои сами ќе се бришат по одредено време.Популарната социјална мрежа со овој потег сака да ги поттикне корисниците да користат само текст во своите статуси. Тестирањето на новата опција е започнато, а корисниците ќе имаат можност да одредат по колку време нивниот статус ќе исчезне од Фејсбук, пишува “Independent”. 

Оваа функција ја воочил еден од корисниците и ја споделил на “BuzzFeed”, потсетувајќи на времето кога статусите беа само реченици, а не фотографии, трејлери од филмови и слично. Се чини дека новата опција е инспирирана од Снепчет кој Фејсбук веќе неколку пати го копираше.
Новите, краткотрајни статуси ќе бидат ограничени на 101 карактер, а корисниците сами ќе одредуваат колку нивниот статус ќе биде видлив на мрежата и каде ќе биде видлив.

 
 Популарната социјална мрежа со овој потег сака да ги поттикне корисниците да користат само текст во своите статуси. Тестирањето на новата опц

Пронајдете не на следниве мрежи: