Нова опрема во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје

Нов апарат за колоноскопија и гастроскопија, ехо апарат и мамограф се набавени и инсталирани во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети клиниката „Св. Наум Охридски“ и подвлече дека мамограф за прв пат се набавува во оваа здравствена установа, а пациентите до сега биле префрлани во други здравствени установи.
-Од тие причини сметавме дека е потребно  да се набави ваков мамограф. Опремата е во вредност од околу 20 милиони денари кои се набавени и ставени во функција. Инаку набавуваме опрема во вкупна вредност од околу 63.000 денари за која што опрема процедурата за набавка или е во тек или веќе се склучени договорите па се чека на испорака. Очекуваме оваа дополнителна опрема да стигне некаде до крајот на месец мај, појасни Тодоров.
 
Со опремата која што и претходно е набавена и онаа планираната, станува збор за силен инвестициски зафат во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Вкупната инвестиција би изнесувала околу 2 милиони евра.

-За прв пат во оваа институција ќе се работи мамографијата и ќе влезе во редовната клиничка пракса како дијагностичка процедура. Ултрасонографот е модерен апарат надополнет со еластографја која што метода за прв пат ќе се изведува Македонија во јавното здравство. Оваа метода е ефективна и комплементарна која што заедно со ултразвукот допринесува за испитување и разликување на малигни од бенигни лезии и на тој начин ја намалува потребата од непотребните биопсии кај овие промени, рече директорката Д-р Јасминка Чабуковска-Радуловска.
Првенствено методата ќе се изведува кај пациенти со промени кај дојката но има примена и кај пациенти со промена на мускуло-скелетниот систем. Апаратот за колоноскопија и гастроскопија е најсовремен модерен апарат кој што овоможува подобра визуелизација и истовремено покрај дијагностичка обезбедува и терапевтска процедура.
-Добивме два капнографи кои што се од особено значење во делот на интензивно лекување и реанимација за следење на вентилацијата кај пациентите на хипо  хипер вентилација. Преку неа се следи и кај неоперираните и опреираните пациенти, појасни Чабуковска-Радуловска.
Клиниката „Св. Наум Охридски“ годишно брои околу 65.000 пациенти, повеќе од 220.000 услуги и околу 4.300 операции.
-Очекувам да се зголеми и квалитетот на здравствените услуги кои што се даваат затоа што со набавката на нова и најсовремена опрема се овозможува повисок степен на точност во дијагностицирањето, поголема кредибилниот на резултатите и на тој начин подобро функционирање на докторите и на институцијата во целост, заклучи Тодоров.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети клиниката „Св. Наум Охридски“ и подвлече дека мамограф за прв пат се набавува

Пронајдете не на следниве мрежи: