Нова поетска книга од Матеја Матевски

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје  излезе од печат поетската книга „Темни деноноќија“ од Матеја Матевски. На страниците од своето најново дело, познатиот поет застапува шеесетина песни напишани во 2015 и 2016 година.
 Во поговорот насловен „Поетските визии на Матеја Матевски во книгата Темни деноноќија“, поетот и литературен критичар Јовица Тасевски Етернијан, констатира дека „низ страниците се преплетуваат вечните и актуелните теми, инвентивно прикажани од специфичен поетски аспект.“
Матеја Матевски (Цариград,1929) е водечко име во современите текови на македонската литература. Автор е на дваесет и четири стихозбирки, на шест книги со критики и есеси, а превел над шеесет книги од шпански, француски, словенечки, српски и други јазици. Доботник е на бројни национални и меѓународни признанија. Во 2011 година беше носител на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
 Во поговорот насловен „Поетските визии на Матеја Матевски во книгата Темни деноноќија“, поетот и литературен критичар Јовица

Пронајдете не на следниве мрежи: