Нова поетска книга од Раде Силјан

Новата стихозбирка на современиот македонски поет и литературен критичар, Раде Силјан носи наслов „Отворена книга“, а ја објави „Матица македонска“ од Скопје. Книгата е составена од единаесет подолги песни, поделени во три циклуси, кои градат една неразделна тематска целина.За најновото дело на Силјан, академик Матеја Матевски пишува дека тоа е „оптимистички и утописки повик на поет, со оглед на реалноста на белата чума што не опфаќа. Оваа молитва претставува ода на животот. Тоа е возвишен солилоквиум, едно хумано чувство што предупредува за загрозите што ги носи човекот во себе… Во сето тоа впечатливо е присутна поетичката доследност, плавното структуирно пеење и прочистениот негов јазички исказ со сиот вокабулар од пробрани зборови, сјајни и изцирни како шурка од поточе тукушто одделено од изворот. Тоа е чистота што обзема, доживеан и умеан подбир на слики, од првите акорди до финалето на таа ведра и убава мелодија.“
Раде Силја е автор на петнаесет поетски книги и повеќе критичко- есеистички дела посветени на македонската книжевност. Негови дела се преведени на англиски, руски, турски, италијански, полски, романски, унгарски, украински, српски, бугарски, грчки, и латински јазик.
Добитник е на национални и меѓународни награди, како и на наградата „11 Октомври“ за животно дело.За најновото дело на Силјан, академик Матеја Матевски пишува дека тоа е „оптимистички и утописки повик на поет, со оглед на реалноста на бела

Пронајдете не на следниве мрежи: