Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во Скопската котлина 33 л/м2, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи.– Попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во западните и северозападните делови од земјава предизвика нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со поинтензивен пороен дожд беа зафатени планинските делови, Мавровскиот регион, Шарпланинскиот масив и Полошката котлина. Во западните и југозападните делови од Скопскиот регион беше нестабилно со грмежи и засилен северен ветер кој на моменти достигнуваше брзина до 72 км/час, се наведува во соопштението.
Вториот бран на нестабилност во форма на долготрајно невреме, се посочува, ја зафати Скопската котлина. Невремето беше проследено со силен пороен дожд, силни електрични празнења како и засилен на моменти и силен ветер кој достигнуваше брзина од 72 до 80 км/час.
Во текот на ноќта, од УХМР најавуваат дека ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд со променлив интензитет, грмежи и засилен ветер. Процесите во западните делови ќе бидат со поинтензитет.
Во Скопската котлина во моментов сѐ уште е нестабилно со пороен дожд кој на моменти е интензивен, проследен со електрични празнења и ветер. И во текот на ноќта ќе се задржи нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
За утре се очекува променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови каде се очекува процесите да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе биде од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 25 до 32 степена.
Во Скопје променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 / 29 степени.
До понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен доќд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето се очекува од среда.– Попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во западните и северозападните делови од земјава предизвика нестабилност просл