Нова провокација на пробугарите: „Да си го вратиме ВМРО!“Оваа година се навршуваат 113 години од Илинденско-Преображенското воистание, организирано и раководено од Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација, како и 130 години од првиот устав на БМОРК (Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети), изготвен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
Како што е познато, Илинденско-Преображенското востание претставува врвна точка на национално-ослободителното движење на Македонија и Одринско, кои по силата на Берлинскиот договор од 1878 година остануваат во границите на Османската империја.
По повод 113 годишнината од Илинденско–преображенското востание, Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС) организира свечено одбележување на оваа забележителна дата од заедничката историја на Р. Македонија и Р. Бугарија, кое ќе се одржи на 23 јули 2016 година, сабота, со почеток во 18:00 часот во Смилево, Република Македонија. Како дел од програмата на чествувањето ќе бидат положени венци и цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев.
БККС испрати покани до претседателите и премиерите на Р. Македонија и Р. Бугарија за нивно присуство на гореспоменатата манифестација. Исто така БККС испрати покани и до претседателите на политичките партии претставени во парламентите на Р. Македонија и Р. Бугарија, бугарски претставници во Европскиот парламент, до дипломатските претсавништва во Скопје (САД„ Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија и др.), до многи институции и од двете страни на границата, до потомци на славни македонски војводи и преродбеници и др. Присуството но високите гости ќе претставува придонес во благородната кауза за развој на добрососедските односи меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија и за зачувување на заедничкото културно-историско наследство.
БККС се надева дека настанот ќе биде еден од првите чекори за практична реализација на резолуциите на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија, каде настојчиво се препорачуваат заеднички прослави на историски настани кои претставуваат дел од заедничката историја со соседните земји, пишува Бугарскиот културен клуб.
Оваа година чествувањето ќе протече во услови кога Р. Македонија е во длабока политичка криза и целосна меѓународна изолација. БККС многукратно и недвосмислено алармираше за тоталитарните практики на режимот на Груевски. Никола Груевски и неговиот семеен клан што долго време се нарекуваше Влада на Р. Македонија носат одговорност и вина за затворањето или целосното партиско контролирање на медиумите, заплашувањето на граѓанските активисти, монтирањето на судски процеси против неистомисленици, дискриминацијата на етничка основа, целосното партизирање и узурпирање на судството, провоцирање на недобрососедски односи преку безумната антиквизација и симулирање на реформи. Своето незадоволство од политиките на актуелната влада на Р. Македонија БККС го изрази и со излегување и поддршка на минатогодишниот антивладин протест во Скопје.
Но она што претстваува најголема манипулација е злоупотребувањето и узурпацијата на историското име на ВМРО преку продолжување со практиките од Титова Југославија на грубо фалсификување и негирање на бугарската етничката припадност на основателите на славната организација. Без реално и вистинско осознавање на нашето минато, нема да можеме да ги разрешиме и проблемите со соседите, кои веќе подолг период се пречка да бидеме рамноправен член на евротлантското семејство, пишуваат од БККС.
Мотото на овогодишното чествување во Смилево ќе биде „Да си го вратиме ВМРО” . ВМРО е синоним на справедливост, слободољубивост, толерантност, а не на криминал, непотизам и дикататура. Историската ВМРО е организација со која треба да се гордеат сите граѓани на Р. Македонија, а не заради недемократското и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, да се раѓаат негативни чувства и одбојност кон историското ВМРО, пишуваат од бугарскиот клуб.Оваа година се навршуваат 113 години од Илинденско-Преображенското воистание, организирано и раководено од Внатрешната македоно-одринска рево