Ве информираме дека излезе од печат зборникот на документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)”, во редакција на д-р Ленина Жила и д-р Филип Петровски. Документите сведочат за времето кога руските бегалци – поединци и цели семејства – дошле во Македонија и нашле сигурно прибежиште на нашата територија.
Еден од основните мотиви за објавување на зборникот факсимилни документи „Руската колонија во Скопје (1920 – 1943)” е да воведе во науката голем број претходно непознати и неистражувани документи.
Рускиот и македонскиот народ имаат долги историски, духовни и културни врски. Руската заедница во Македонија во текот на годините се издигна на високо ниво и се одликува со видни поединци од областа на културата, уметноста, образованието, спортот и науката.
Зборникот ќе биде еден чекор напред и вовед во плодната научна соработка во иднина и воедно повод за нови конкретни културни активности во прилог на зацврстувањето на руско-македонско пријателство.