Samsung започна со агресивна маркетинг кампања за својот најнов телефон, Galaxy Note 4, кој се очекува да се најде во продажба кон крајот на овој месец. Оваа недела добиваме 2 и пол минутно видео кое детално ни објаснува дел од предностите на уредот…Фокусот е ставен на одредени подобрувања наспроти претходниот модел, како на пример 5,7 инчниот екран со импресивна QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели, потоа 16 мегапикселната задна камера со „Smart Optical Image Stabilization“ и широко-аголната предна камера со резолуција од 3,7 мегапиксели.
Samsung посебно внимание посветува на промоција на батеријата, која наводно се полни до 30% побрзо од Galaxy Note 3. Она кое видеото „заборава“ да ни го каже е дека Galaxy Note 4 ќе биде и еден од првите телефони што доаѓаат со моќниот Snapdragon 805 процесор (огромно подобрување од Snapdragon 801 кај Galaxy S5), како и 3GB RAM меморија.
Според спецификациите, новиот телефон на Samsung би требало да биде најдобриот на светот. Единствената негативност е што сеуште мораме да чекаме за него, односно шпекулациите велат дека ќе се најде во продажба дури кон крајот на месецот.
Извор: GSM.MKФокусот е ставен на одредени подобрувања наспроти претходниот модел, како на пример 5,7 инчниот екран со импресивна QuadHD резолуција од 2560 x 144