Францускиот режисер Кристоф Ганс ја сними традиционалната бајка „Убавицата и ѕверот“ во манирот на големите холивудски спектакли. Филмот на Ганс во визуелен поглед, како и во однос на акционите сцени стои рамо до рамо со американската продукција. По големиот француски хит „Пактот со волците“ и добро прифатената американска екранизација на видео-играта „Silent Hill“, Ганс сними универзална бајка за љубовта без оглед на разликите меѓу двајца кои се сакаат. Главните улоги во филмот ги толкуваат познатиот актер Винсент Касел и Леа Сејду. Приказната се базира на најраната позната верзија на бајката од збирката на Гарбиел Сузан Вилнев „La Jeune Ameriquaine et les Contes Marins“ (Младиот Американец и морската приказна) од 1740 година. Се работи за повеќеслојна бајка за деца и возрасни која зборува за моќта на соништата и конфликтот на љубовта и материјалните вредности поради што е особено актуелна и денес. Пред филмот на Ганс една од најзначајните екранизации на оваа приказна беше онаа на Кокто од 1946 г. Ганс се потруди да понуди нова верзија на тој филмски класик.
На прашањето зошто се одлучил за уште една екранизација на популарна бајка (од познатата адаптација во режија на Жан Кокто, до американски филмови и дизниеви цртани), режисерот вели дека сакал да покаже дека бајките не се американска работа, туку европска. „Ми беше важно да покажам дека бајките се дел од нашата ДНК. Снимав во Холивуд, но работам во Европа бидејќи мислам дека е важно европскиот филм да се обиде да ја задржи врската со културата на своите предци“, рече Ганс.
Во четврток ни пристига и крими-трилерот „Курир“. Главните улоги им припаднаа на Џон Кјузак, Ребека да Коста и Роберт де Ниро.
„Курир“ е напната крими-трилер приказна за Џек (Џон Кјузак), опасен човек со хронично лоша среќа но и со трошка човечност. Кога Драгна (Роберт де Ниро), легендарен шеф на мафијата, ќе го најми да заврши едноставна, но, необична работа, заплетот ќе се центрира околу очекуваното доаѓање на Драгна кој од непознати причини го повикува Џек на една оддалечена локација со голем број на сомнителни ликови. Во текот на оваа долга ноќ, исполнета со насилство, додека се чека пристигнувањето на Драгна, Џек ќе се запознае со Ривка (Ребека ДаКоста), исклучително убава жена чиј што живот ќе стане физички и емотивно заплеткан со Џек. Кога Драгна конечно ќе пристигне, ќе настанат неочекувани случки.Повеќе информации за филмовите можете да најдете на веб страната на Cineplexx и на facebook странатана следниот ЛИНКПриказната се базира на најраната позната верзија на бајката од збирката на Гарбиел Сузан Вилнев „La Jeune Ameriquaine et les Contes Marins&l