Младите луѓе денес имаат помалку секс од младите пред 30 години, покажува истражување спроведено во САД.Тоа вклучува информации за отприлика 27 000 луѓе и ги споредува податоците за сексуалниот живот на мажите и жените, собирани од 1989 година, па наваму.
Тоа покажува дека процентот на младите на возраст меѓу 20 и 24 години, кои немаат сексуален партнер по 18-годишна возраст е зголемен од 6 проценти во 60-тите години на минатиот век до 15 проценти меѓу родените во 90-тите.
Авторите на истражувањето ја дозволуваат можноста интервјуираните да имале сексуален контакт пред да наполнат 18 години, но по него да се потпираат на апстиненција.
Коавторот на истражувањето Рејн Шерман од Универзитетот Флорида Атлантик наведува дека податоците се спротивни на сеопштото мислење дека интернетот го направи сексот подостапен.
Поради Tinder и други слични апликации за брзи средби, би било очекувано ако фреквенцијата на случајните сексуални контакти меѓу младите се зголемила. Податоците, сепак го покажуваат токму спротивното. Околу 15 проценти од родените во 90-тите велат дека немаат секс, а кај родените во 70-тите и 80-тите години процентот бил близу 12 на 100 лица.
Од младите родени во 60-тите години само над 6% давале таков одговор.
Според авторите на студијата причината е во т.н. ефект на група, според кој сексуалното однесување се менува низ генерациите. Длабинска анализа, која ги зема в предвид возраста на учесниците и годината во која е спроведено истражувањето, дава дополнителни информации за трендот на намалување на сексуалните контакти од 60-тите години.
Во поголем степен податоците важат повеќе за жените отколку за мажите. Авторите ја евидентираат како една од можните причини социјалната стигма.
Шерман наведува дека е можно младите да имале сексуални контакти пред да наполнат 18 години, а потоа да се потпираат на апстиненција.
Поверојатно сепак се чини објаснувањето дека денес повеќе млади остануваат недопрени до подоцна отколку нивните врсници во 60-тите.
Истражувањето не ги бара причините за овој тренд, но прикажува неколку фактори како можни причини. Меѓу нив е тоа што младите живеат со своите родители подолго, што може да е пречка за сексуалниот живот. Друга причина се растот на видео игрите, новите можности за гледање на филмови и серии како Netflix, а интернетот како целина им нуди алтернативни начини за искористување на слободното време.
Сè повеќе најлесниот пристап до порнографска содржина може исто така да биде фактор. Значење има и како младите дефинираат сексот. Додека во 50-тите младите го вбројуваат и оралниот секс, за денешните млади тој не се брои, бидејќи не вклучува сексуален однос.
Во Велика Британија, исто така има пад на сексуалните контакти во споредба со 50-те години. Еден од пет меѓу денешните млади на возраст од 16 до 24 години, вели дека не практикува секс.Тоа вклучува информации за отприлика 27 000 луѓе и ги споредува податоците за сексуалниот живот на мажите и жените, собирани од 1989 година, па нав