Нова сезона на најопасниот лов што некогаш сте го виделе на Дискавери

Нова сезона на најопасниот лов што некогаш сте го виделе на ДискавериЊупорт во државата Орегон е еден од последните рибарски гратчиња, сместен на работ на озлогласниот и див залив наречен „Пацифички гробишта“, кој пак се протега од Орегон до Британска Колумбија. Во Њупорт, веќе со генерации рибарите кои се занимаваат со лов на ракови, заедно со своите семејства, жртвуваат сè што имаат, за да можат да живеат исклучиво од морето. Илјадници бродови и животи се изгубени во борбата со најсмртоносното комерцијално рибарење на светот. На брегот на Орегон, морето е полно со живот, но изобилува и со лавиринти од песочни наноси и силни струи.
 
Серијалот „ Deadliest Catch: Dungeon Cove“  не носи на палубите на бродовите кои пловат во тој дел на бурното море со непредвидливи временски услови. Најсмртоносната сезона досега го истражува и животот на оние кои ги чекаат нивните најблиски да се вратат дома. Секоја година немирното море усмртува рибари, но семејствата од Њупорт живеат со тој товар и желбата да ја зачуваат историјата и да го одржат градот во живот.
 
Проследете ја секоја нова епизода на Дискавери каналот секој вторник.Њупорт во државата Орегон е еден од последните рибарски гратчиња, сместен на работ на озлогласниот и див залив наречен „Пацифички гробишта&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: