Нова словачка инвестиција во Велес

Во Индустриската зона Мамутчево кај Велес наскоро е можно да започне изградба на нова странска инвестиција – прва гринфилд  словачка инвестиција во Македонија.Ова на денешната  прес-конференција го соопштија градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и неговиот гостин амбасадорот на Словачка во Македонија, Мартин Безак, кој тоа го изјави при неговата денешна прва официјална посета на Општина Велес.
– Планираме инвестиција затоа што оваа индустриска зона има поволна географска положба и инфраструктура, а со неа би се добиле и неколку стотина нови вработувања, најави амбасадорот Безак.
Амбасадорот Безак воедно информира дека потоа е можно и збратимување на градот од Словачка од каде доаѓа инвеститорот со Велес, а за што и денеска меѓу другото разговарале со градоначалникот Чадиев.
– Словачка и Македонија имаат  многу заеднички допирни точки и долга соработка. Да потсетам дека токму на територијата на Словачка во 9 век, започнала Моравската мисија на сесловенските браќа Св. Кирил и Методија, а ние сме словенски народи со сличен јазик и менталитет. Воедно, имаме и добра економска соработка да потсетам дека  една словачка фирма го реновира затворот во Идризово, словачка фирма испорача 150 товарни вагони за Македонија, а сладот за пивото на Скопска Пивара се произведува во нашата земја, потсети амбасадорот Безак.
Словачкиот амбасадор за време на престојот во Велес посети и културно – историски знаменитости во градот, а беше во обикола и на Индустриската зона Мамутчево каде е планирана словачката инвестиција.
Чадиев рече дека ќе информира за инвестицијата, откако ќе се потпише договорот со инвеститорите од Словачка, што се очекува наскоро.Ова на денешната  прес-конференција го соопштија градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и неговиот гостин амбасадорот на Словачка во Македониј

Пронајдете не на следниве мрежи: