Со одлуката за комунален ред на Центар е забрането пружање и сушење облека, постелнина или килими на прозорците, терасите, оградите и другите надворешни делови на објектите што гледаат кон јавните и сообраќајни површини.Забрането е уништување и нагрдување на фасадите со пишување или цртање по нив, како и поставување реклами и други натписи во која било форма и на кое било место без претходно одобрение од надлежен орган.
Покрај улиците не смеат да се поставуваат огради од боцкава жица, колци и слично. Оние што имаат жива ограда задолжени се редовно да ја кастрат, за да не пречи на видливоста, исто како и дрвјата и гранките кои се надвиснати над тротоарите.Kомуналните инспектори и редари ќе проверуваат дали и како се спроведува оваа одлука. Ако биде утврден прекршок, инспекторот е должен да поведе соодветна постапка, а по потреба може да донесе и решение.
И се би било во ред сите станови да имаат услови и да можат да избираат на која тераса ќе сушат на внатрешната или на надоврешната – но повеќето од зградите во Центар немаат тераси кои гледаат во внатрешноста на зградата – единствени тераси се оние кои гледаат на тревниците или улиците – и со оваа одлука ни во внатрешниот дел на терасата нема да смеете да сушите алишта??
Знаат ли господата советници од Центар дека сушењето алишта во станот или во затворени простории во кои се престојува е исклучително опасно за здравјето??
Ако не знаат еве да ги потсетиме
Студијата спроведена на Архитектонскиот факултет во Глазгов открила дека во многу домови се собира многу влага, а за тоа сушењето на алишта придонесува и до 30%. Истражувачите рекле дека во три четвртини испитани домови се нашле влага која доведува до појава на гриње и згоемена концентрација на мувла.
Воздухот загаден со овие организми лесно може да допринесе за појава на астма и други алергиски состојби.
Извор: mkd-news.com
Забрането е уништување и нагрдување на фасадите со пишување или цртање по нив, како и поставување реклами и други натп