недела, 29 ноември 2026
Најново

Нова шокантна теорија: Монструмот од Зајечар ја убил и Јелена Крсмановиќ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Монструмот од Србија кој на ѕверски начин ја уби тригодишната Анѓелина Стефановиќ бил голем фан на пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ која во април беше убиена на сличен начин.Тоа што ги поврзуваат трите жртви, Анѓелина, Јелена и Драгана Станковиќ (убиство кое го призна по приведувањето) е дека се убиени со тврд предмет по глава и дека им се скршени черепите.
Според информациите на српски Курир, трите убиства биле идентички и дека полицијата испитува дали Владица има врска со злосторството во Борча каде беше убиена пејачката.

Трите убиства се по многу работи слични: скршен череп на жртвата, убиени на многу свиреп начин на отворен простор и скриени се во близина на река, односно канал, открил извор близок на истрагата за Курир.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Соседите на убиецот раскажуваат дека тој бил голем обожувач на пејачката и дека често зборувал за неа.

Тој во кафана, кога и да се собереме зборуваше за убиството на пејачката. Велеше дека ја гледал и прател пред да биде убиена, дури знаел и нејзини песни. Повторуваше дека Јелена можел да ја убие само монструм, дека таа била преубава и дека на сликите се гледа дека била добар човек, раскажуваат соседите.

Тие исто така велат дека по убиството на пејачката монструмот секојдневно купувал весници и детално го следел случајот. Кога нема пари, одел до трафика и ја молел продавачката само на момент да ги прелиста весниците за да ги прочита најновите информации за бруталното убиство.
Тој беше толку опседнат што во еден момент се шегувавме дека полудел за неа. Ни беше чудно, додаваат мештаните.Тоа што ги поврзуваат трите жртви, Анѓелина, Јелена и Драгана Станковиќ (убиство кое го призна по приведувањето) е дека се убиени со тврд предмет п

Поврзани вести