Нова, најсовремена терапија за лекување на хепатит Ц, со висок процент на успешност во лекувањето од оваа година ќе се применува на Клиниката на инфективни болести во Скопје.Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски по денешната посета на оваа Клиника информира дека за да се осигура набавката на новата терапија за хепатит Ц буџетот на Инфектива е зголемен за повеќе од 10 милиони денари во однос на 2016 година и изнесува 180 милиони денари.
– Ова е исклучително голем чекор напред во третманот на оваа болест во РМ бидејќи Македонмија ќе биде една од малкуте земји во Европа која што ќе имплементира најсовремен тип на терапија за хепатит Ц, рече Стефаноски.
Проф. д-р Звонко Миленковиќ, директор на Клиниката за инфективни болести изјави дека станува збор за ново концептуално решение по однос на лекувањето на пациентите со ХЦВ вирусна инфекција, кое не е ново само во Република Македонија, туку и на глобално ниво.
Оваа терапија, појасни, од септември/октомври, 2016 година е воведена како препорачан режим на лекување на пациентите со хепатитис Ц вирусна инфекција на глобално ниво со највисоко ниво на успешност во медицината базирана на докази. Во почетната фаза ќе се применува на пациентите со хронична ХЦВ вирусна инфекција со лекови коишто имаат директно дејство врз животниот циклус на причинителот на заболувањето.
– Овде станува збор за избор на лекови коишто дејствуваат навистина директно на животниот циклус на болеста. Второ, со ефикасност која се приближува до стопроцентна. Ако во медицината постои стопроцентна ефикасност, ова навистина се приближува на ефикасност близу до 100 проценти и не зависи од генотипот на ХЦВ вирусот. Освен тоа, со овој третман ќе бидат покриени и оние пациенти кај коишто досега со досегашниот режим не можело ни да се отпочне со лекувањето, на пример пациенти со напредната фаза на фиброза, пациенти кај што е извршена трансплантација, кај пациенти коинфицирани со ХИВ инфекција итн., рече Миленковиќ.
Тој предочи дека очекува навистина големи успеси во лекувањето на пациентите со оваа инфекција.
– Ова претставува една завршна фаза во заокружувањето на циклусот и проценките коишто на Клиниката се спроведуваат во лекувањето на оваа категорија лица која е комплементарна со дијагностичката опрема која во изминатиот период ја обезбедивме на Клиникава и во која се заокружени сите етапи од дијагностиката, лекувањето до излекување на овие пациенти, рече директорот на Клиниката.
Тој подвлече дека на годишно ниво во изминатите четири години лекувале по 47 пациенти со ХЦВ вирусна инфекција, а сега, според нивните првични проценки, со овој нов третман ќе бидат опфатени уште 12 пациенти иницијално, со можност овој број на лица да биде зголемен. Бројот на лекувани пациенти на годишно ниво со ХЦВ вирусна инфекција на Клиниката за инфективни болести изнесува околу 80 пациенти.Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски по денешната посета на оваа Клиника информира дека за да се осигура