Општината Кисела Вода доби нова спортска атракција – теквондо клуб „Корио”. Иако боречката вештина теквондо звучи доста непознато, го има на повеќе локации во Скопје, а воедно е и модерен олимписки спорт раширен во 196 земји во светот со над 50 милиони спортисти.
Тоа е комбинација од борбена техника, самоодбрана, спорт, вежба, а во некои случаи и медитација и филозофија, што е добро за секој човек без разлика на возраста и полот.
Иако е отворен веќе 3 месеци, овој клуб брои над 50 членови кои редовно и активно работат.Тренинзите содржат вежбање на основната техника, применување на истата на противник, вежби за флексибилност и за подобрување на физичката кондиција. Секако се добиваат и резултати како добра координација, стекнување на работна навика, подобрување на вашето здравје…
Тренинзите се одржуваат во О.У. Круме Кепески и се водени од страна на државниот и балкански првак Јане Стојчевски.Иако боречката вештина теквондо звучи доста непознато, го има на повеќе локации во Скопје, а воедно е и модерен олимписки спорт раширен во 196 земј