Нова теорија: Никогаш нема да погодите од што сме настанале!

„Tiktaalik roseae“ е името на животното кое живеело пред 375 милиони години. Научниците тврдат дека тоа е првата риба која наместо перки развила нозе.Откриена нова теорија
Оваа риба освен што можела да оди, трча, лета и скока развила и задни делови на перки и тоа додека била речно животно- покажало истражувањето на карлицата и карличните перки на фосилот кои ги изучувале научници од Унивезитетот од Чикаго.
Претходната теорија, заснована на до тогаш достапните податоци, тврдела дека оваа промена се случила  така што од четирите перки израснале четири нозе.
Најверојатно оваа промена се случила во водата и најпрвин еволуирале само задните перки. – кажува Нил Шубин, професор по анатомија на Универзитетот во Чикаго.

Еволуцијата на перките
Првите остатоци на „Тиктаалик“ се откриени во Канада пред 10 години.
„Тиктаалик“ била прилично голема риба (долга и до 2 метра), со округлести перки и масивна широка глава, со остри заби.
Пливала во плитките води, најчесто во реките, имала перки и шкрги, но имала и карактеристики кои не се баш карактерични за рибите, како подвижен врат и примитивни бели дробови.
Неговите предни перки имале некоја варијатна на рамена, лактови и зглобови, што и овозможувале да се движи и на суво. Сето ова се дознало после изучувањето на фосилот пронајден во 2004 година.
Десет години подоцна бил пронајден комплетен фосил. Откако ги согледале остатоците од карлицата од древното суштество, научниците знаеле дека наишле на нешто навистина „големо“.
Карлицата била еволутивно далеку од предниот дел на телото на „Тиктаалик“ и повеќе била слична на карлицата на четириножните животни.
Обликот на зглобовите и коските докажале дека задниот пар на перките/нозе биле прилагодени за движење на копното.
Ова е неверојатна карлица, поготово зглобот на куковите, кои многу се разликуваат од се што досега сме виделе кај рбетниците- раскажува Шубин. Откриена нова теорија
Оваа риба освен што можела да оди, трча, лета и скока развила и задни делови на перки и тоа додека б

Пронајдете не на следниве мрежи: