Сигналот е лоциран во Унгарија, но не се знае кај кој се наоѓа мобилниот телефон
Сигналот од мобилниот телефон на Тијана Јуриќ во петокот е лоциран на 15 километри од унгарскиот граничен појас!„Прв пат телефонот е лоциран на два километри од границата до Унгарија, во Србија. Меѓутоа, апаратот, по последните информации кои ги имаме, сега е на територија на соседната држава“, открива извор од истрагата.
Доцнеле со лоцирањето на сигналот.
Како што наведува, клучно е прашањето дали телефонот воопшто се наоѓа кај девојката.
„Не можеме да ја исклучиме можноста, на пример, телефонот да е фрлен некаде во вода или да му е извадена батеријата, што претставува проблем“, објаснува тој.
Кобна грешка, според неговото мислење, направена е уште првиот ден.
„Пропуст направил обвинителот уште од првиот ден. Полицијата од него добива одобрение за лоцирање, но тој ден се држел според законот, кој налага дека треба да поминат 24 часа пред издавање налог за следење. Точно дека е тоа според законот, но секогаш постои можност таквите работи да се забрзаат“, објаснува изворот.
Тој не можел да каже дали на полицијата ќе и бидат од помош отпечатоците пронајдени на вештачкиот нокт на Тијана.
„На ноктот има два отпечатока. Но бидејќи тука поминале многу мештани, се поставува прашањето дали некој ги допирал или не. Тоа ќе го покаже анализата на ДНК. Можно е киднаперот да ја фатил за прстите, па и го откинал ноктот, а другиот отпечаток да останал од некоја пријателка. Можеби и двата отпечатока да се од нејзините другарки“, раскажува изворот.
Во потрагата по Тијана подложени се на полиграфско испрашување сите осудувани лица од територијата на Бајмок и Суботица. И ова не помогнало за да се установи што се случило со девојчето.„Прв пат телефонот е лоциран на два километри од границата до Унгарија, во Србија. Меѓутоа, апаратот, по последните информации кои ги имаме,



