Во Македонија се развива нова урбана приказна во оптичкото поле. Секој се грижи за својот вид без оглед дали станува збор за заштита од сончевите зраци или за оптика на видот. Dioptra Optics се најдобрите оптики во Македонија каде што се нуди голем избор на очила од реномирани светски брендови. Во престојните денови се отвора и Dioptra Couture којшто ќе придонесе за развој на сосема нова димензија во оптичкото поле во Македонија, односно ќе се овозможи достапност на светски брендови на очила коишто ќе предизвикат модно збогатување на нашето секојдневие.Dioptra Couture е шести салон од семејството на Dioptra (Optics, Outlet). Од сабота (25.03), за прв пат во Македонија, луксузни брендови од светскиот пазар ќе бидат достапни и овде. Во сабота (25.03), со почеток од 12:00 – 17:00 часот, се отвора нов салон на Dioptra Optics, Dioptra Couture, на плоштад Македонија, во склоп на хотелот Marriott. Настанот ќе биде исполнет со архитектонско уживање, палета на премиум, уникатни брендови кои се за прв пат во Македонија, и забава со Dj John Antonio. Покрај разноликоста на брендови, Dioptra Couture ќе располага со јапонски софтвер на ID оптички леќи (Hoya Eye Genius) кој исто така е застапен за прв пат во Македонија. Во склоп на самиот салон, ќе биде отворен и оптометриски кабинет, каде што за еден час се изведува детален преглед, и се обезбедува изработка на очила и леќи.
Салонот воведува навистина светски и уникатни брендови како Oliver Peoples, Philippe Starck, Moscot, Lindberg, Snob Milano, Etnia Barcelona, Gucci, Boucheron, Brioni, Stella McCartney, Pier Martino, Kyme, Alexander McQueen, JF Rey, Dita, Victoria Beckham, Cutler & Gross, Bottega Veneta, Tom Ford, Cavalli, Chopard, Persol, iO Ethical Italian Eyewear, и така натаму. Повеќето брендови се непознати и се новитети на нашиот пазар, но, познати се поради листата на актери, пејачи, уметници кои ги носат (Moscot: Johnny Depp, Lindberg: Meryl Strip, Queen Elizabeth, Elton John и сл.) а, се омилени на Менхетен, Лондон Сохо, и Лафает Париз.
Конечно и во Македонија, уникатни брендови од оптичкото поле се сега достапни за секој што сака да ја истражи димензијата на совршенството и единственоста. Урбаниот стил, врвниот квалитет и професионалниот тим се темелите на успешната приказна на Dioptra Optics.Dioptra Couture е шести салон од семејството на Dioptra (Optics, Outlet). Од сабота (25.03), за прв пат во Македонија, луксузни брендови