Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е сериозно загрижен за здравјето на својата мајка Дијана, која неодамна откри дека нејзиниот најстар син исклучително се грижи за неа.– Секој ден ми зборува дека мора да водам здрав живот, грижлив е и ме советува да внимавам на исхраната и да спијам редовно. Ноле закрепнува во моментов од својата повреда и ужива со своето семејство, изјавила Дијана.
Дијана исто така открила дека таа, како и нејзиниот сопруг, имале здравствени проблеми, но тоа долго време го криеле од нивните деца за да не се грижат. Особено не сакале да го оптеретуваат Новак со тие работи за да не влијаат на неговите игри, па дури кога таа била на операција, тоа го скрила од нејзините синови.
– Кога бев болна и морав да се оперирам, чекав момент кога двајцата синови нема ми бидат во Белград. Новак беше во Австралија, но се јавуваше кај нас дома секој ден. Скоро секогаш му кревав јас, а на неколку пати додека бев во болница, слушалката ја кренал татко му. Веднаш му дошло чудно и секој ден го прашувал – Каде е мама? Потоа од болница разговарав со него како да сум дома за ништо да не се посомнева и да не се грижи, раскажала Дијана Ѓоковиќ.– Секој ден ми зборува дека мора да водам здрав живот, грижлив е и ме советува да внимавам на исхраната и да спијам редовно. Ноле закрепнува