Новата Хурем на снимање открила дека боледува од рак

Новата Хурем во турската серија Величенствениот, односно турската актерка, Вахиде Гордум во 2011-та година дознала дека боледува од рак на дојка.
Тој период таа работела на серијата „И дадовме име Фериха“, а некој период успеала да ја крие болеста од нејзините колеги.
Кога сфатила дека мора да престане со снимање на серијата на сите им открила дека боледува од рак.
„Колегите од серијата постојано ме бараа и ме охрабруваа. Дури ми нудеа и превоз до болница. Кога останав без коса, ме засмејуваа до солзи велејќи ми дека изгледам како Yul Brynner, покоен американски актер со руско потекло кој глумеше фараон во филмот „Десет заповеди“, раскажува Вахиде.

Вахиде 6 месеци одела на хемотерапија, а најголема подршка и било нејзиното семејство, но и младите колеги од серијата.
„Кога имаш 21-година како девојките со кои глумев, не сакаш да се замараш со туѓите проблеми. Но, знаев дека девојките имаат големо срце. Тие секој ден ме бараа и низ солзи ми кажуваа дека ме сакаат и едвај чекаат да се вратам на снимање“, се потсетува актерката.
Одредено време по лекувањето, докторите и кажале дека ракот на дојка се повлекол, а актерката продолжила со аудиции за нови улоги. Таа сега, неколку години подоцна се чувствува одлично.Новата Хурем во турската серија Величенствениот, односно турската актерка, Вахиде Гордум во 2011-та година дознала дек

Пронајдете не на следниве мрежи: