Porsche ја започна пролетта со три спектакуларни светски премиери.На 87-то издание на меѓународниот автомобилски саем во Женева, кој се одржува од 7 до 19 Март 2017 година, производителот на спортски автомобили ја претстави Sport Turismo – новата верзија од семејството Gran Turismo. Благодарение на големата задна врата, длабокиот товарен простор, зголемениот волумен на багажникот и концептот 4 + 1 седиште, новиот модел со четири врати нуди совршена комбинација на секојдневната употреба и максимална флексибилност.
Новата Panamera Turbo S E-Hybrid со 500 kW (680 КС) претставува уште еден значаен модел во серијата. Со втората хибридна верзија на Panamera, Porsche за првпат го позиционира plug-in хибридот како врвен модел на оваа серија. Моќта како пасија е клучна карактеристика на третата светска премиера во форма на спортски двосед, со што се создава интензивна врска меѓу секојдневното возење и тркачката патека. Моделот Porsche 911 GTS исто така ја прослави својата премиера на саемот.
На 87-то издание на меѓународниот автомобилски саем во Женева, кој се одржува од 7 до 19 Март 2017 година, производителот на спортски авт