Новата влада носи живот за бегалците во Македонија

На стартот на својот мандат, со сѐ уште нереализирани ветувања за просечна плата од 500 евра, нови работни места и инвестиции, и со сѐ поголем револт кај граѓаните поради последиците од договорот за добрососедство со Бугарија, од тиранската платформа и од најавите за промена на името, станува сѐ поочигледно дека новата влада на среден рок има шанси само да смета на пораст на рејтингот преку издавање државјанства на бегалци, пишува Република.Вакво решение е предвидено со новата Нацрт-стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017 – 2027 година, како и со Акцискиот план 2017 – 2027 година, документи во кои е опишано како Министерството за труд и за социјална политика планира да ги задржи и интегрира бегалците што ќе транзитираат низ Македонија до Западна Европа. Во документите се наведува дека на мигрантите, освен македонско државјанство, им се гарантира подобро образование, полесен пристап до вработување и можност за обезбедување стан во кој ќе може да ги повикаат и своите роднини од другите земји во светот.
Можеби звучи неверојатно, но ова е реално запишано во стратегијата за која новата министерка за труд и за социјална политика веќе и јавно, и тоа преку социјалните мрежи, бара поддршка од граѓаните. А, од граѓаните само зачуденост и неверување дека може да се предложи целосна интеграција на бегалците за кои ни Европа веќе нема место. За нив Македонија нуди обуки за работа и вработување со помош на државата.
Разочараноста од ваквата владина политика е најголема кај ранливите категории граѓани, кои се надеваа дека ќе бидат приоритет на новата власт за помош и за поддршка, а не бегалците, кои воопшто не ја гледаат Македонија како своја крајна дестинација. Од граѓанската иницијатива „5 до 12“ велат дека се разочарани што децата со посебни потреби во матичната земја се ставаат во редот зад бегалците.
– Ние не можеме да оправдаме приоритет над нашите деца, нашата борба е за децата со посебни потреби како една од најранливите категории во оваа држава и не можеме да оправдаме приоритет да бидат странци пред нас. Како луѓе, како христијани, оправдуваме помош од секого, ама не можам да оправдам над децата со посебни потреби да бидат странци. Секаде во светот е така, прво се дава предност на ранливите категории во сопствената земја, а потоа се помага ако се има можности, на други – изјави Зоран Мијалков од Граѓанската иницијатива „5 до 12“.
Во документот се открива дека досега во земјата сопствен стан добиле 20 семејства, а државата планирала преку изградба на станови на државно земјиште и реновирање на постојни објекти во државна сопственост, на бегалците да им го реши проблемот со домувањето.
МТСП преку оваа стратегија предвидува интеграција од најрана возраст планирајќи изучување на македонскиот јазик како за децата, така и за возрасните, што би требало да им го олесни процесот на вработување во Македонија. Како најголема важност во стратегијата се предвидува итно решавање на следниве, според МТСП, стратегиски препораки:

Да се обезбеди запишување на децата во редовните програми за основни и за средни училишта;
Изведување обуки за наставниците и за професорите на сите образовни нивоа за да се влијае врз квалитетот на образованието и формирањето пријателска училишна средина;
Обезбедување можности за пристап до различните нивоа на високото образование.

Новата влада во Македонија ќе го олеснува пристапот до работни места за бегалците преку признавање на нивните здобиени квалификации и преку нострификување дипломи. Стратегиските препораки вклучуваат и:

Подобрување на пристапот до здобивање државјанство и поврзување со проактивниот ангажман за интеграција
Олеснување на процедурите за семејно обединување како поддршка за процесот на интеграција.

Ваквиот потег од Министерството го објаснуваат со оцената дека поврзувањето со семејството може да го ублажи чувството на загуба што ги следи многу бегалци што, покрај семејството, ги загубиле својата земја, мрежата пријатели и животот каков што го познавале.
По објавувањето на стратегијата во јавноста од МТСП испратија и дообјaснување во кое велат дека ова е законска обврска кон меѓународните организации и договорите што Македонија ги има потпишано. Потребите на бегалците, велат од Министерството, се менувале со годините.
„Новите настани и глобалната политика кон бегалската популација беа причина за одредени мали дополнувања на првичната работна верзија на новата стратегија. Водејќи се од принципот на транспарентност во своето работење, Министерството за труд и за социјална политика вчера ја постави на својата веб-страница новата Нацрт-стратегија за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година, со цел да се добијат сугестии од заинтересираните организации и граѓани. Овој консултативен процес ќе се заокружи со работна конференција на која ќе се дискутира за позитивните предлози во насока на унапредување на документот“, пишува во соопштението од МТСП.
На новата стратегија на МТСП реагираа и политичките партии, кои го осудуваат планот Македонија од земја за транзит да прерасне во земја што ќе биде крајна дестинација.
– Во Република Македонија, државата треба да им даде приоритет на граѓаните на Република Македонија, во делот на вработувањето, во делот на решавањето на станбеното прашање, во делот на кредитите, приоритетот треба да им се даде на граѓаните на Република Македонија. А стратегијата што ни ја предлага новата влада и Министерството за труд и за социјална политика, целосно ги маргинализира граѓаните на Република Македонија. Целосно ги маргинализира, а им дава приоритет на лицата што сакаат да се фокусираат, а тоа се лицата што дошле во Република Македонија, мигрантите и другите категории лица. ВМРО-ДПМНЕ смета дека програмите на Република Македонија и ресурсите на Република Македонија треба да бидат првенствено насочени кон граѓаните на Република Македонија. Приоритет во делот на домувањето, поддршката за решавање станбено прашање, во делот на вработувањето и во делот на социјалните услуги треба да имаат граѓаните на Република Македонија. Република Македонија има многу ограничени ресурси, Македонија има покажано хуманост и Македонија нема неограничени ресурси со кои ќе може да ги реализира овие големи обврски што ги презема Владата на Република Македонија, а кои, ако се реализираат, ќе бидат на сметка на граѓаните на Република Македонија. Тоа е тоа што сакавме да го порачаме, што сакавме да го соопштиме – оценува Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
– За НДМ нема дилема. Овој документ во делот за државјанството е проект на антимакедонска основа бидејќи Македонија станува единствената земја во која мигрантите и бегалците полесно ќе здобиваат државјанство од самите Македонци. Односно, Македонците во однос на мигрантите и на бегалците се третираат како граѓани од втор ред во поглед на можноста за добивање македонско државјанство. Доколку владата дозволи олеснет пристап до македонско државјанство за мигрантите и за бегалците во услови кога за сите Македонци по потекло не важи олеснетиот пристап до државјанство, Македонија, дефинитивно, ќе послужи за потсмев на меѓународната сцена, а настрана опасноста по темелот на нацијата и на државата – оценуваат во реакцијата од Народното движење за Македонија.
Од Министерството за труд и за социјална политика, и покрај ваквите реакции, велат дека наскоро ќе биде донесен финалниот текст на стратегијата, кој ќе треба да почне со спроведување од годинава. Планот е во следните 10 години Македонија да ги реализира потточките запишани во документот.Вакво решение е предвидено со новата Нацрт-стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017 – 2027 година, како и со Акцискиот план 2017 &

Пронајдете не на следниве мрежи: