17 нови студенти се дел од новиот циклус на програмата за практикантство во ОКТА. Кандидатите кои се завршна година од студиите или магистранти се избрани од десет факултети кои се блиски и сродни со оперативните сектори и дејности на компанијата, Економскиот, Правниот, Електротехничкиот, Машинскиот, Технолошкиот, Природно-математичкиот (отсек хемија), Градежен, Факултет за безбедност, Филолошки факултет, како и од приватниот факултет Американ Колеџ.„Компанијата ОКТА е дел од меѓународна групација каде младите кадри може да се стекнат со значајно искуство и знаење. Оваа пракса им овозможува полесно да се справат со новите предизвици што им следат во понатамошниот кариерен развој. Паралелно со тоа, новите и свежи идеи, иновативност, и креативноста се основната причина зошто продолжуваме со програмата за практикантство во ОКТА и оваа година. Од претходните два циклуси на оваа успешна програма го продолжуваме ангажманот на четворица практиканти кои се истакнаа со своите вештини, знаење и подготвеност за работа“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.
Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Ангажманот на студентите е во траење од 3 месеци, период во кој ќе бидат целосно вклучени во работниот процес на ОКТА, со полно работно време. Компанијата обезбедува превоз и храна за практикантот за време на праксата, како и дополнителни финансиски средства. Нивниот ангажман во компанијата е под стручен менторски пристап од страна на менаџерите на одделите.
Со оваа програма компанијата ја спроведува политиката за подмладување на својот кадарот, а истовремено давање можност на младите, образовани студенти да се стекнат со значајно работно искуство во една мултинационална компанија и со тоа дополнително да се оспособат за самостојно градење на професионална кариера и успешно позиционирање на пазарот на трудот.„Компанијата ОКТА е дел од меѓународна групација каде младите кадри може да се стекнат со значајно искуство и знаење. Оваа пракса им ово