Нови 15 до 20 илјади работни места очекува Владата со продолжување на проектот „Македонија вработува“, чија втора фаза треба да почне кон крајот на месецов или почетокот на наредниот. За реализација на проектот, што ќе се одвива под мотото „Борбата за работни места продолжува“, денеска на владина седница се усвоени измени на законите за вработување и осигурување во случај на невработеност, за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигурување.Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција во Владата рече дека со спроведувањето на проектот во текот на една година и очекуваните 15 до 20 илјади работни места значително ќе се придонесе за дополнително намалување на невработеноста, развој на домашните компании и генерално за економски прогрес на државата.
Според Пешевски, „Македонија вработува“ се покажал како најуспешен проект за намалување на невработеноста. За една година од неговото спроведување во над десет илјади компании се вработени 19 илјади лица од различни категории кои подолг временски период бараа работа. Таа бројка, нагласи Пешевски, одговара со отворање на 12 компании со по 1.600 нови работни места, по една во секој месец од спроведувањето на проектот.
– За време на спроведувањето на проектот од првиот квартал лани до првиот квартал годинава невработеноста е намалена за 2,8 проценти, а токму проектот „Македонија вработува“ е главниот двигател на намалување на невработеноста и отворање нови работни места, рече Пешевски.
Со предложените законски измени, што наскоро треба да ги разгледа Економско социјалниот совет и Собранието на РМ, се предвидува ослободување од плаќање придонеси и давачки за работодавачите кои ќе вработат лица поделени во пет категории.Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција во Владата рече дека со спроведувањето на проектот во текот на една годин