Повеќе од педесет деца од социјално ранливите категории од југоисточниот плански регион кој ги опфаќа општините Гевгелија, Богданци и Дојран, ќе заминат на бесплатен одмор во Охрид и Струга, соопштија денеска од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Гевгелија.– Утре 52 дечиња од семејствата корисници на социјална или постојана парична помош, корисници на детски и родителски додаток, како и деца со пречки во развојот на возраст до 26 години ќе заминат на одмор. Бесплатното летување ќе трае седум дена, а опфаќа шест полни пансиони и превоз до Охрид и Струга, информираа од Центарот за социјална работа во Гевгелија.
Проектот за бесплатен одмор преку Министерството за труд и социјална работа се реализира од 2012 година. Досега мерката ја имаат искористено 12.000 дечиња од земјава од кои 8.000 биле на летен, а 4.000 на бесплатен зимски одмор.– Утре 52 дечиња од семејствата корисници на социјална или постојана паричн