Нови 40 стипендисти ќе се доквалификуваат на програми од Универзитетот Шефилд на Академијата за Менаџери во Скопје

Соработката меѓу Академија за Менаџери и Министерството за образование на Република Македонија заедно со Сојузот на стопански комори, продолжува и оваа година со програмата за доделување на стипендии.Кандидатите кои се заинтересирани за доквалификација според програмите на Универзитетот Шефилд, можат да аплицираат на конкурсот кој што е достапен на интернет страниците на МОН и Академија за Менаџери на линкот https://managersacademy.mk/stipendii.php#конкурс-2014. Годинешните стипендии се однесуваат на два модули, Стратешки маркетинг и тоа во смеровите Стратешки менаџмент и Стратешки маркетинг со 25 стипендии и 15 стипендии за модулот Балканската економска средина во банкарството и финансиите во рамки на смерот Финансии.
„Предностите на овие докваликации се бројни а пред се доаѓаат од програмите на Универзитетот Шефилд што ги имплементираме тука во Академија за Менаџери. Висока експертизата на професорите, неконвенционалните наставни методи, флексибилноста, индивидуалната грижа за студентите, простор за истражување и практична работа и секако финансиските погодности се високо оценети и создаваат високо профилирани менаџерски кадри кои имаат способност да го издигнат степенот на оперативност на секоја компанија. Дополнително стимулира и фактот што овој универзитет е рангиран високо на листата на 100те најдобри универзитетот на светот“, изјави Марија Никовска, директор на Академија за Менаџери.
40-те стипендии се во вредност од 500 евра и се обезбедени како финансиска поддршка од Владата на Република Македонија преку Министерството за образование и наука. Конкурсот ќе биде отворен до 18 ноември и до 28 ноември, во зависност од модулите, а за изборот на кандидатите ќе одлучува координативно тело формирано од претставници на Академијата за Менаџери, Министерството за образование и наука, СИТИ колеџот и Сојузот на стопански комори. Избраните кандидати ќе следат предавања организирани еден викенд во ноември или декември, зависно од модулот, во Скопје и со времетраење од 22 часа.
Академијата за Менаџери во Скопје, веќе 2 години работи под академска надлежност на Универзитетот Шефилд и на Меѓународниот факултет, СИТИ Колеџ – еден од 6-те академски факултети на Универзитетот Шефилд. Програмите на Академијата за Менаџери во Скопје им овозможуваат на кандидатите да се здобијат со сертификат, диплома или мастер титула од страна на Универзитетот Шефилд.
Кандидатите кои се заинтересирани за доквалификација според програмите на Универзитетот Шефилд, можат да аплицираат на конкурсот кој што е достапен

Пронајдете не на следниве мрежи: