Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборната единица 4 Никола Груевски денеска на собирот во кавадаречкото село Марена ги повика тиквешките земјоделци и лозарите во што поголем број да го осигураат својот род.Во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години е предвидено 60 процентно кофинансирање на премиите за осигурување од основни и дополнителни ризици за сите типови земјоделско производство.
Груевски денеска ги информираше лозарите дека во тек се разговори со раководството на ВВ „Повардарие“ за што поскоро исплаќање на откупеното грозје. Заменик-министерот за земјоделство, рече тој, ме информираше дека се очекува во следните неколку дена да се изнајде решение за исплаќање на лозарите, но, додаде, сепак се работи за приватна компанија.
Зборувајќи за новата Програма на партијата, тој најави обезбедување 600 милиони евра за субвенции за македонските земјоделци во следните четири години. Ќе продолжи со инвестирањето со најмалку 35 милиони евра годишно за набавка на нова опрема и механизација, за наводнувањето и условите за живот во руралните места. Планирана е изградба на преку 70 канализации и водоводни системи се со цел подобрување на квалитетот на живеење во овие средини.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи на проектот за воведување професионални земјоделски советници чија советодавна поддршка во најголем дел ќе биде покриена од државата, а кои ќе ги бираат самите земјоделци. Ќе се обезбеди 60 процентно финансирање на инвестициите за купување трактори и механизација, опрема, основно стадо и подигање насади. Ќе продолжи и поддршката на мали земјоделци за здружување во задруги.
– За подобро искористување на ИПАРД-от, формиравме Фонд кој обезбедува гаранција за хипотеката на земјоделските кредити во висина од 50 отсто од износот, а со 50 отсто ќе се субвенционираат каматните стапки за ИПАРД-инвестициите. Аплицирањето ќе се олесни преку типски проекти за најпопуларни инвестиции кои ќе бидат бесплатни и преку обучени 80 агрономи од Агенцијата за развој на земјоделството, рече Груевски.
Тој го најави и проектот „Од град во село за нов почеток“ во кој се нуди финансиска помош при градба или купување куќа до 6.000 евра, како и 15.000 денари месечно за период од 18 месеци или вкупно 270.000 денари.
На средбата со граѓаните во село Марена тој потенцира дека е планирана реконструкција и осовременување на пумпната станица во ова село за што ќе бидат инвестирани 35.700.000 денари и оти со тоа ќе биде исполнето едно од позначајните барања на земјоделците.
– Во наредниот мандат ќе направиме комплетна реконструкција на старото училиште во Марена. Селото ќе биде опфатено со проектот „Рурални развојни зони“ со кој се предвидува даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја, рече Груевски.
Во овој регион предвидена е и реконструкција на патиштата Кавадарци – Неготино, Росоман – Кавадарци, како и целосна обнова на влезовите во градот. Во Програмата е предвидена набавка на 58 апарати за здравствените установи во Кавадарци во вредност од 870.000 евра, ревитализирање на ХЕЦ „Тиквеш“, изградба на цистерните за наводнување „Брушани“, Дреново, како и „Градот-Смаилица“, ќе биде обезбедено наводнување на површините во атарот на Бегниште и Ресава, како и изградба на две нови градинки во општина Кавадарци, спортски сали во училиштата „Тодор Хаџистефов“ и „Страшо Пинџур“ и ново повеќенаменско игралиште.Во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години е предвидено 60 процентно кофинансирање на премиите за осигурување од основни и дополнителни