Околу 8.700 лица се очекува да се вработат со новиот Оперативен план за вработување за 2016 година, најави денеска премиерот Никола Груевски.Груевски истакна дека со Оперативниот план ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои за 8.700 се очекува да се вработат, а останатите ќе поминат низ обуки.
– За оваа цел ќе бидат инвестирани 11 и пол милиони евра кои се предвидени во Буџетот на Република Македонија и се изгласани во Собранието. Ова ќе биде уште еден придонес кон намалување на невработеноста, односно зголемување на вработеноста. Многу луѓе кои во моментот немаат вработување преку серијата мерки кои се влезени во Оперативниот план, а кои ги има околу 20, ќе им биде овозможено вработување, изјави Груевски по промоцијата на новите дела од едицијата на „Ѕвезди на светската книжевност“.
Премиерот информира дека околу 15 јануари се очекува да биде објавен и конкурсот за првата програма од Оперативниот план за вработување.
Од 2007 година кога за прв пат почна да се применува овој план вработени се 36.000 лица, а на огласите аплицирале 87 илјади невработени. Од тогаш до сега, со програмата невработеноста е намалена за 11 отсто, од 38 проценти на 26,8 отсто.Груевски истакна дека со Оперативниот план ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои за 8.700 се очекува да се вработат, а останатите ќе поминат низ обу