Откако од ЈСП пробно беше пуштен автобусот 28 кој вози од транспортен центар до Македонско село, оттаму најавуваат за пуштање на уште неколку автобуски линии.-Во изминатата година пуштивме повеќе нови линии, на голем дел го зголемивме бројот на фреквенциите и тоа е нешто што континуирано го работиме. Постојано има барање на граѓаните да се направат нови линии или да се зачестат автобусите на постоечките. Неодамна пуштивме нова пробна линија 28 до Македонско село, тука е 41 линијата од Драчево до Клинички центар, ноќната 24 која го покрива речиси целиот град, продолжување на 51-цот во селото Моране… Планираме да пуштиме пробна ноќна линија што ќе покрива дел од Чучер Сандево од Транспортен центар, од почетокот на месец август. Дел од линиите се пуштени пробно, возат неколку месеци, гледаме колку патници има и во зависност од тоа го организираме сообраќајот, за ТВ Нова изјави директор на ЈСП, Игор Јанушев.
Во однос на системот на наплата, Јанушев апелира да се користат електронските картички, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
-Системот функционира од 1-ви јануари годинава и е одлично прифатен од граѓаните. Многу побрзо и многу подобро е да се користат новите електронски картички, а постапката е скратена. Целта е возачите да возат и да се грижат за безбедноста, а не да продаваат карти. Колку повеќе се користат електронските картички, толку поголема е и безбедноста на граѓаните, истакна Јанушев.
Директорот посочи дека како и досега за секој кој не уплатил билет следува казна од 1000 денари. Секој кој е затекнат во автобусите на ЈСП Скопје, а од 1-ви септември и во автобусите на приватните превозници ќе биде санкциониран.-Во изминатата година пуштивме повеќе нови линии, на голем дел го зголемивме бројот на фреквенциите и тоа е нешто што континуирано го работиме. Пос