Деловите од сирискиот град Алепо, кои се под контрола на бунтовниците, денеска одново беа цел на воздушни напади.Поради бомбардирањето, кое почна минатиот четврток, жителите ма овие делови на градот, се потешко имаат пристап до храна и медицинска помош.
Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, од минатата недела кога започна офанзивата на владините сили за целосно повраќање на контролата врз Алепо, се убиени најмалку 128 лица, воглавно цивили.
– Од полноќ руски и сириски воени авиони извршиле „десетици напади“ врз источните населби на градот, кои се под контрола на бунтовниците, посочи Центарот.
Според истиот извор, на некои од местата кои биле цел на нападите избиле големи пожари.
– Меѓу жртвите, има 20 деца и девет жени, а повредени се речиси 400 лица, посочи директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.Поради бомбардирањето, кое почна минатиот четврток, жителите ма овие делови на градот, се потешко имаат пристап до храна и медицинска помош.